Османи во Маракеш: Сега е критичниот момент ЕУ да ја усвои преговарачката рамка за Македонија

Северна Македонија ги исполни сите услови за старт на преговорите и дополнително, постигна стопроцентно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и 40-процентно усвојување на законодавството на ЕУ, и сега е критичниот момент и Европската Унија да испорача преку усвојување на преговарачката рамка“, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На маргините на состанокот на Коалицијата за борба против ИСИС во Маракеш, Османи денеска имаше средба со министерот за Европа и надворешни работи на Франција, Жан Ив Ле Дриан со кого разговараа за активностите и плановите на француското претседателство со Советот на ЕУ во однос на интеграцијата на државите од Западен Балкан и неопходноста од забрзување на европскиот пат на нашата држава.

Како што соопшти МНР, Османи нагласил дека надворешно-политичките и безбедносните ризици во новата геополитичка реалност го наметнуваат ефектуирањето на одлуката за почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија, доколку Европската Унија сака да го задржи својот кредибилитет, пред сѐ во регионот и да го демонстрира своето геостратешко лидерство.

Двајцата министри разговарале и за актуелната ситуација во Украина и справувањето со безбедносните предизвици во регионот, како последица на руската агресија врз Украина.

 

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе