Османи во Јапонија, ќе организира и бизнис форум

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 30 и 31 мај ќе престојува во работна посета на Јапонија, на покана на јапонскиот министер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши, а целта на посетата, како што соопшти МНР, е унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Јапонија, со посебен акцент на економската соработка и бизнис релациите.

Покрај средбата со Хајаши, министерот Османи ќе биде примен од престолонаследникот на Јапонија, принцот Акишино, а ќе има одвоени средби со спикерите на Домот на претставници и Домот на советници при Парламентот на Јапонија, Хиројуки Хосода и Акико Санто.

 Во рамките на економскиот сегмент на посетата, Османи ќе организира бизнис форум со Јапoнската организација за надворешна трговија - JETRO, каде ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија пред истакнати јапонски компании како Хонда, Митсубиши, Нипон Коеи и сл. Дополнително ќе има средба и со министерот за Осака EXPO 2025, Кенџи Вакамија.         

Целта на посетата е унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Јапонија, со посебен акцент на економската соработка и бизнис релациите, а ќе се разговара и за актуелната безбедносна состојба во европскиот континент и Индо – Пацификот, надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.

Османи од Токио ќе отпатува за Вашингтон, каде ќе ја предводи владината делегација во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД.

 

 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе