Османи во Финска: Северна Македонија има капацитет да го продолжи патот кон ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, ја започна работната посета на Финска со средба со претставниците на „Големиот Комитет“ (Grand Committee) во финскиот парламент, предводени од првиот заменик претседател на парламентот, Јани Макела, на која што се разговарало за евроинтегративниот процес на земјата, и поддршката од Финска во рамките на нивното претседателство со ЕУ.

„Северна Македонија има и политички и институционален капацитет за да го продолжи патот кон полноправно членство во Унијата, и ние како Влада, остануваме посветени на овој процес сè до полноправно членството во ЕУ и НАТО“, изјавил Османи на средбата.

Како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, Османи се сретнал и со Корина Таменма, висока претставничка за јазични прашања во Директоратот за автономија и еднаквост при Министерството за правда на Република Финска. На средбата биле разменети искуства во однос на примената на двојазичноста во Финска, како земја која има успешна имплементација на овој процес. Исто така, биле разгледани и можностите за соработка во оваа насока, со цел успешна примена на Законот за употреба на јазиците и во Македонија.

Во текот на посетата на Финска, Османи ќе се сретне и со министерката за европски работи, Тути Тупураинен, како и со ,инистерот за надворешни работи, Пека Хависто.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе