Османи во Финска ќе разговара за очекувањата за датум за преговори со ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, од утре ќе биде во работна посета на Финска, каде што ќе се сретне со министерката за европски работи, Тути Тупураинен и со министерот за надворешни работи, Пека Хависто.

На средбите, според најавите, ќе се разговара за очекувањата и перспективите на земјава во претстојниот период, како и за активностите и поддршката од страна на Финска во рамките на финското Претседателство со ЕУ, а во контекст на претстојната одлука за почеток на преговорите во октомври оваа година.

Во рамките на посетата Османи ќе има средба и со претставниците на „Големиот Комитет“ во рамките на финскиот парламент, предводени од првиот заменик претседател на парламентот, Јани Макела.

Во агендата на Османи е и посета на Директоратот за автономија и еднаквост, при Министерството за правда на Република Финска, каде ќе се сретне со Тимо Маконен, директор на одделот, како и со Корина Таменма, висока претставничка за јазичните прашања. На средбата, како што соопшти СЕП, се очекува да бидат разменети искуствата за успешна имплементација и примена на двојазичноста во Финска, а ќе бидат разгледани можностите за соработка во оваа насока, со цел успешна имплементација на Закон за употреба на јазиците во Република Северна Македонија.

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе