Османи во Брисел: Очекувам навремено усвојување на преговарачката рамка

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи од Европскиот парламент ја започна интензивната агенда во Брисел, на средби со европратеници, претставници на различни политички групи.

Во рамките на посетата на Парламентот, Османи се сретна со Клара Добрев, потпретседател на Европскиот парламент од Социјалдемократската партија, Михаел Гахлер, германски европратеник и член на Европската народна партија, Ана Фотига, член на АФЕТ и координатор на европските конзервативци и реформатори, како и со Рајнхард Бутихофер, член на АФЕТ и координатор на Зелената партија.

Османи, како што соопшти МНР, на средбите ги реафирмирал заложбите на Македонија за евроинтегративниот процес, но ги презентирал и приоритетите на својата мандатна мисија како предводник на дипломатијата на Северна Македонија.

„Очекувам навремено усвојување на преговарачката рамка, притоа запазувајќи ги принципите на новата методологија во преговарачкиот процес. Ни претстои период на позитивна клима, многу работа, но и мотив за испорачување резултати од реформите на домашен план. Мојот фокус е продлабочување на добрососедските односи не само како наша автентична придобивка, туку и како активен придонес во регионалната соработка како клучна политика за одржување на европската идеја на Балканот“, изјавил Османи.

Пратениците ја истакнале силната поддршка за европската перспектива на земјава, непречен тек на европската агенда на земјата, усвојување на преговарачката рамка и организација на првата меѓувладина конференција. Тие ја нагласиле важноста за континуитет на реформите за создавање позитивна атмосфера за отпочнувањето преговори, при што било најавено и продолжување на дијалогот „Жан Моне“, со цел интензивирање на соработката помеѓу политичките партии во насока на инклузивност на процесот на преговори. Исто така, било истакнато дека концептот на мултиетничка и мирољубива држава, посветена преку компромис и дијалог да доаѓа до решенија,  се препознава како голем успех и претставува пример не само за регионот, туку и пошироко. На средбите било едногласно констатирано дека Западниот Балкан е важен не само за безбедноста и стабилност на ЕУ, туку и за севкупниот економски, политички и општествен напредок на континентот.

Османи во текот на денот ќе се сретне ѝ со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, а во агендата за денеска се наоѓа ѝ средбата со Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западниот Балкан и дијалогот Белград – Приштина.    

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе