Министерски состанок

Османи во Брисел: „Ние сме НАТО“ не е само парола туку реалност

Да се биде рамноправен со 30-те најмоќни во светот не е само лична сатисфакција, туку гордост за сите наши граѓани, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот министерски состанок на НАТО.

„Не е тоа само симболична разлика туку суштина на нашиот напредок како држава. Наместо како досега, кога за нашите прашања се разговараше на состаноци на кои информациите ги дознававме од нашите колеги, сега сме присутни на масата, директно да учествуваме и да го претставиме нашиот став за сѐ она што се случува во светот“, рече Османи.

Тој, на годишнината од приемот во НАТО, рече дека Македонија е подготвена и кадровски и технички и политички да одговори на предизвиците на членството во Алијансата.

„Мотото ‘Ние сме НАТО’, не е веќе само обична парола, ова е реалност и ние сме навистина НАТО. Бидете горди, во овие моменти ја исцртуваме нашата идна историја, го остваруваме сонот на голем број генерации пред нас, создавајќи безбедна, стабилна и просперитетна иднина за генерациите после нас“, заклучи Османи

Северноатлантскиот совет на министрите за надворешни работи на земјите – членки на НАТО којшто се одржува денес и утре во Брисел, за прв пат после една година со физичко присуство поради пандемијата на ковид-19.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе