На средбата со Могерини во Брисел

Османи вети затворање на сите можности за скептицизам кај земјите-членки за датум за преговори

Се наоѓаме буквално на 30 дена од големата одлука за старт на преговорите, со што ќе се стави точка на заедничките напори изминативе две и пол години, за враќање на европската агенда во Република Северна Македонија, како и враќање на процесот на проширување високо на агендата на Унијата, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на средбата со високата европска претставничка Федерика Могерини во Брисел.  

„Ве уверувам дека и во овој краток период што ни претстои, буквално херметички ќе ги затвориме сите евентуални можности за изговор или скептицизам кај земјите - членки, и со тоа заслужено ќе ја обезбедиме одлуката за старт на преговорите“, рекол Османи.

На средбата тој реферирал и за последните актуелности во земјава особено во областа на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупција.

„Без разлика што не претставува формален услов за одлуката во октомври, владеењето на правото останува наш постојан бенчмарк за кој ве уверувам дека нема да има никакви отстапки, ниту од аспект на институционалната поставеност за борбата против криминалот и корупцијата, ниту по основ на континуираниот 'трек - рекорд', во спроведувањето на владеењето на правото“, истакна Османи.

Работната посета на Брисел е дел од турнејата на Османи за посета на метрополите на земјите членки на ЕУ, по која следат посетите на Берлин и Варшава кон крајот на неделата.

 

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе