Македонија-Унгарија

Османи: Унгарија останува наш силен сојузник внатре во ЕУ

Бујар Османи, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, денеска оствари средба со Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија, кој престојува во работна посета во земјава.

„Унгарија е предводник на групата земји – членки на Европската Унија, кои, експлицитно, преку декларација, побараа забрзување на процесот на европско интегрирање на земјава, и отворање на преговорите – веднаш “, истакна Османи, додавајќи дека покрај декларативната поддршка, која е секако многу важна, Република Унгарија обезбедува и билатерална поддршка за земјава, како важен елемент во зацврстувањето на капацитетите на преговарачката структура, и конкретно за зајакнување на капацитетите на Секретаријатот за европски прашања кој е клучна институција во процесот на европски интеграции.

На средбата беа отворени темите поврзани со содржината на Извештајот на Европската комисија за земјава и заклучоците на Европскиот совет, во кои се потврди содржината на Извештајот, како и аспектите и предизвиците за европски интеграции на земјава во претстојниот период и унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете земји.

На крајот од средбата, Османи и Сијарто се согласија дека билатералната поддршка ќе биде интензивирана во периодот кој претстои, и изразија искрени очекувања дека, во соодветната временска рамка – октомври оваа година, Советот ќе ја потврди одлуката од минатата година, и Македонија ќе ги започне преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе