КОЈ ПАТ ЌЕ ГО ФАТИ ДУИ

Османи: Учество во владата или поддршка на малцинска влада од опозиција, ќе знаеме в понеделник

Централното претседателство на ДУИ денеска во Мала Речица дебатира за понатамошните чекори на паријата, а опциите што ги има партијата се сведени на   учество во новата влада или поддршка на малцинска влада, информираше партискиот портпарол, Бујар Османи.

Според него, најважната пречка, законот за употреба на јазиците, е надмината и тоа е став кој е усогласен помеѓу ДУИ и СДСМ.

„На претходната седница го усогласивме текстот за Законот за употреба на јазици, што е критериум, услов или закон кој ги надминува билатералните односи меѓу две партии. Тоа беше услов без кој што не можеше понатаму во разговорите за било која опција. Откако се утврди текстот на овој закон, сега остануваат два начини или два инструменти за реализација, односно преку учество и партиципирање во владина коалиција или преку поддршка на малцинска влада, останувајќи во опозиција. Но во секој случај со услов за усвојување на Законот за употреба на јазици. Предноста за опозиција е во фактот да се овозможи секој што имал сомнежи во работата ДУИ сите овие десет години да може тоа да го направи без да биде попречен од учеството на ДУИ во Владата. Се разбира постојат и други аргументи за тоа и за тоа се дебатира“,  изјави Османи и додаде дека не верува оти денеска ќе се исцрпи таа дебата и ќе продолжи и во наредните денови.

На новинарско прашање што се подразбира под опцијата поддршка на малцинска влада и дали тоа значи нестабилно парламентарно мнозинство во Собранието, Османи одговори дека ДУИ ќе даде поддршка во Собранието за да се обезбеди таа влада, но нема да учествува во централната власт со свои министри и членови на извршната власт.

„Ние не измислуваме топла вода, затоа што опцијата за поддршка на малцинска влада ја има во повеќе земји во Европа“, додаде тој.

На новинарско прашање во однос на изјавата на Зоран Заев дека СДСМ ги има потписите од ДУИ за формирање влада, Османи рече дека тие сè уште не донеле одлука дека ги дале потписите на СДСМ, бидејќи за тоа официјално треба да пресече Ахмети.

Османи уште рече дека нема никакви сценарија во заднината, одговарајќи на прашањето дали оваа опција е во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Конечната одлука на партијата, како што рече, може да се очекува в понеделник.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе