За групното одбележување на роденденот на Ахмети

Османи: Тоа беше само еден миг без маски заради фотографија, но да, погрешивме...

Одбележувањето на роденденот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, предизвика погрешна интерпетација, зашто немаше ниту прослава, ниту непочитување на протоколите...но да, можеби пративме погрешна порака со фотографијата без маски, иако цело време носевме маски“, вака одговори министерот Бујар Османи на новинарско прашање поврзано фотографијата на која се гледа како петнаесетина функционери на ДУИ, сите до еден без маски на лицето, на чело со Ахмети, седат во сала за состаноци.

Во врска со неговата објава на Фејсбук, на која фотографијата покажува дека петнаесетина функционери на ДУИ, сите мажи, на чело со партискиот лидер Али Ахмети, седат во салата за состаноци во новоотворените простории на Министерството за политички систем и односи со заедниците, Османи рече дека еден од вработените во тоа министерство приредил изненадување со честитка за роденденот на лидерот на ДУИ, што било искористено тој момент да се одбележи со фотографија.

„Во тој дел нема апсолутно кршење на протоколите. Можеби грешката е во пораката која се дава до граѓаните во моментот кога се фотографиравме без маска, но не станува збор за одржување церемонија без маски. Да, можеби тука прифаќам една грешка дека пораката која што се дава до граѓаните е дека слика без маска треба да се минимизира, независно што тоа е без маска во миг на сликањето, а не одржување на некаква церемонија без маски, но да, не треба да се пуштаат слики без маска", посочи тој.

Османи два пати повори дека гарантира оти ниту имало прослава, ниту имало непочитување на протоколите.

„Треба да ги погледнете и другите фотографии за да видите дека тоа е момент на миг на изненадување во кој што тие кои се најдоа во тој момент, направија фотиграфија. Жал ми е што тоа стана причина за вакви чувства и нервози кај граѓаните, мислам дека не треба да се повтори, но во никој случај немаше кршење на протоколите", рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе