Нови услови од Софија

Османи: Свикав координација за Изјавата на Бугарија, можеме да го изменаџираме и овој предизвик

Свикав координација на таа тема со цел да се разгледаат сите аспекти, изјави за МКД.мк Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции по објавувањето на Изјавата на Бугарија со која се условува датумот за преговори за интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Во оваа Изјава Бугарија бара забрана за употреба на „македонски јазик“ во ЕУ и да се употребува само терминот „службен јазик на РСМ“,  Македонија ќе мора да заборави на „македонско малцинство во Бугарија“, ќе мора да ја заврши работата со комисијата за историски прашања... ако сака да ги продолжи преговорите со ЕУ...

„Oчигледно e дека се работи за позиција на една земја членка, a таа позиција не е внесена во заклучоците, туку само во записникот како еднострана позиција. Мислам дека со нашиот сосед треба да продолжи комуникацијата и на политичко и на експертско ниво со цел да се менаџира и овој предизвик. Сметам дека нашите односи имаат доволно апсорпциски капацитет за да се надмине оваа состојба и тоа да не влијае на динамиката на преговорите“, велли Османи и додава дека досега за ова било разговарано со повеќе земји членки на ЕУ.

 

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе