Османи-Стјуарт: Постои можност за олеснување на визниот режим меѓу Македонија и Австралија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со амбасадорката на Австралија за Северна Македонија Рут Стјуарт, на која било разговарано за европските интеграции на земјава и статусот на спроведените реформи, како и за потенцијалите за соработка помеѓу Северна Македонија и Австралија во повеќе сегменти.

Османи, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата истакнал дека Северна Македонија е новата реалност на Балканот, односно земја која од длабока политичка криза стана лидер во регионот во спроведување на реформи за европска интеграција и земја која ги има затворено поголемите билатерални прашања со соседите.

Посочил дека создадениот т.н. „трак- рекорд“, односно видливи резултати од спроведените реформи се доказ за сработеното во рамки на евроинтегративниот процес.

„Во овој период, кога евроатлантската интеграција на земјава е веќе извесна, Северна Македонија станува земја која е и политички и економски стабилна за странските инвеститори, а дополнително на тоа нуди конкурентска предност за привлекување на инвеститорите, со оглед на тоа што земјава располага со квалификуван кадар“, изјавил Османи.

Османи и Стјуарт, се вели во соопштението, на средбата изразиле согласност дека билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Австралија има потенцијал да се прошири и продлабочи во повеќе сфери, при што биле акцентирани можностите за користење на австралиската билатерална развојна помош.

Тема на разговор било и интензивирањето на трговската размена, за која соговорниците се согласиле дека е на многу ниско ниво од само 9,7 милиони американски долари, и покрај зголемениот извоз на производи од земјава за 28 проценти.

На крајот, се вели во соопштението, било истакнато дека постои можност и за олеснување на визниот режим, што би било од големо значење за двете земји, како поради бројната македонска дијаспора во Австралија, така и во насока на подобрување на целокупната соработка помеѓу двете земји.

 

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе