Најважно е да ги почнеме преговорите со ЕУ што поскоро

Османи: Спорот со Бугарија се користи за дневно политички напади во двете земји

Надминувањето на разликите со Софија е процес чија рамка ја дава Договорот за пријателство од 2017 година. Но, изборите во двете земји не придонесуваат за решение. За земјава најважно е преговорите со ЕУ да почнат во најскор можен рок, до крајот на оваа година, а тоа во интерес не само за нас, туку за целиот регион, за ЕУ, па и за Бугарија, изјави денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи.  

Според Османи, ова прашање и во двете земји се користи за дневнополитички напади, а темата е „киднапирана”. Изборите, пак, никогаш не приднесуваат вакви теми да се решат.

„Ние мора да најдеме начин да ги почнеме преговорите во најскор можен рок и мене ми е задоволство што еве вчера Ескобар па и други претставници од ЕУ алармирааат дека имаме сериозен проблем во регионот и дека не може ова прашање да ги држи во заложништво стабилноста и европската перспектива на целиот регион. Вториот дел како ќе ги надминеме разликите, тоа е еден процес. Процес чија рамка ја дава договорот од 2017 година, преку комисијата. Оваа промена во пристапот од бугарската страна мислам дека е еден процес на саморефлектирање. Не можам да ги проценам уште намерите, бидејќи заради изборите немавме и редовна комуникација за да си ги размениме ставовите и прашањата, меѓутоа јас се обидувам да го наметнам тоа размислување дека не можете никому да наметнете право на самоидентификација или да му забраните ниту пак да наметнете апсолутна вистина. Државата мора тоа да го гарантира на сите граѓани прво на Македонците, мнозинска заедница, на Албанците, Турците, Ромите, па и на Бугарите тие што се чувствуваат така да имаат право да се самоопределат и да си ги манифестираат своите културни атрибути. Државата ниту до сега има забрането, ниту од сега треба да забрани таква можност и слобода за самоидентификација на граѓаните”, рече Османи на новинарско прашање по партиската прес-конференција во седиштето на ДУИ. 

Тој додаде дека меѓу двете влади се разговара само за прашањата кои до сега се презентирани со пакетот од пет точки за кои очекува наскоро да има средба, некаде во втората половина на ноември. Но на писмено за внесување на Бугарите во Уставот, вели, не сме добиле никакво барање.

„Тоа единствено се надоврзува на изјавата на претседателот Радев во Словенија, меѓутоа во формалната комуникација, во комуникацијата која што се разменува преку ноти, која што се разменува на формални состаноци се разговара за петте прашања и се разбира нашето прашање, а тоа е условеноста на тие пет прашања со зелено светло за започнување на пристапните преговори со ЕУ. И затоа мора да ги разделиме формалните разговори од ова што ние повеќе во еден слободен разговор ги наметнуваме како идеи за надминување на разликите”, посочува Османи. 

Запрашан за упатување барање за реципроцитет по однос на македонското малцинство, тој вели дека ја разбира потребата од реципроцитет, и природен инсинкт е две суверени држави да комуницираат на основа на реципроцитет, и го повтори појаснувањето дека уставното уредување во Бугарија не признава организирање на граѓаните по етничка основа. За индивидуалните прашања, рече, надлежен е Советот на Европа и Судот за човекови права во Стразбур којшто постапува и ќе продолжи да постапува.

Исто така, нагласи и дека никој досега во земјава не пријавил случај на дискриминација по основ на етничката припадност. Албанците, рече, поминале низ едно такво ограничување, но Рамковниот договор го овозможи, го адаптираше Уставот да може да биде државата инклузивна да ги прифати сите етнички заедници во државата. Изјавите од овој тип во соседна Бугарија тој ги смести во функција на предизборниот процес. 

Средбите на претставници на бугарски здуженија од земјава со политичари во Бугарија, според Османи е во контекст на политизирање и во контекст на изборниот процес.

„Но доколку, и како припадник на заедница која што еве поминала низ такви ситуации на ограничување на можност на самоизразување, јас можам да бидам каналот за да ги изразат тие поплаки за да може еднаш засекогаш да ги демитологизира таквите ставови коишто сега се користат во политички изборен процес”, вели Османи.

Во однос на Комсијата за историски прашања смета дека дискурсот е во рамки на предизборниот амбиент. Информира дека досега не е поднесена формална оставка од членот од македонскиот тим на Заедничката историска комисија, Ванчо Ѓоргиев.

„Јас имам право да го прекинам договорот врз основа на тоа јавно искажување меѓутоа сепак очекувам да поднесе и формално барање, сепак да се образложи причината за потоа да одиме кон избор на нов член”, рече Османи. 

Што се однесува до случајот со бугарското државјанство кое наводно го има Данела Арсовска како еден од кандидатите за градоначалник на Скопје, шефот на дипломатијата рече дека во овој случај нема законско ограничување за тоа, а проблемот е од етичка природа поради нетранспарентноста.

„Бугарското или кое било друго државјанство сѐ додека не е законска пречка за учество на избори не може ниту да биде проблем, меѓутоа нетранспарентноста на еден кандидат може да биде многу поголем и посериозен проблем отколку дали има државјанство доколу е тоа законски дозволено. Меѓутоа и ова прашање сигурно ќе направи штета затоа што ќе даде аргумент на тие коишто претендираат дека во Република Северна Македонија доколку граѓаните се самоидентификуват, самоопредлат имаат пречки потоа во општествениот  живот”, вели Бујар Османи. 

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе