Самит на ПСЈИЕ

Османи: Создадена е шанса која се надевам сите ќе знаеме како да ја искористиме

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска ја предводеше владината делегација на Самитот на шефови на држави или влади на земјите-членки на процесот на соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува на Брдо кај Крањ, Словенија, каде главна тема беа предизвиците и можностите за унапредување на меѓусебна соработка.

Османи рече дека е задоволен од постигнатиот напредок за време на словенечкото претседавање во однос на, за нас најважното надворешно политичко прашање денес,  проширување на ЕУ, односно процесот на придружување на земјите од Западен Балкан во европското семејство.

“Создадена е шанса која убеден сум ќе знаеме да ја искористиме. Мотивацијата со којашто влегуваме во овој процес е силна и како држава подготвени сме да преземеме брзи, и таму каде што е потребно, радикални реформи”, изјави Османи.

Тој исто така кажа дека земјите од Регионот заради заедничкиот географски, историски и социо-економскиот потенцијал треба да ја споделуваат и заедничката европска иднина.

Во рамките на посетата, Османи ќе има средба со Јоанис Аманатидис, заменик министер за надворешни работи на Грција, на која што ќе се отворат прашањата за унапредувањето на меѓусебната соработка, предизвиците на тој пат, како и можностите за соработка во насока на искористување на регионалните и европските инцијативи. 

Процесот за соработка на Југоисточна Европа е иницијатива за регионална соработка каде покрај Македонија членуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија,Романија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Косово чија цел е јакнење на политичката и безбедносната соработка, интензивирањето на соработката на државите во областа на економијата, демократијата, судството, човековите права и борбата против илегалните активности.

 

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе