„За нас сонцето и натаму ќе изгрева на Запад“

Османи со оптимизам замина за Луксембург и Брисел, официјален Париз не ја открива позицијата за одлуката за преговори

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи отпатува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори со претставници на ЕУ и земјите-членки пред Министерскиот состанок за општи работи (ГАК), каде на дневен ред ќе се најде одлуката за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.

„Независно дали одлуката ќе биде денес или утре, дали ќе биде ДА или НЕ, за нас сонцето и натаму ќе изгрева на Запад“, напиша Османи на Фејсбук пред посетата.

Во рамките на посетата, како што соопшти прес-службата на СЕП, Османи ќе има и работна средба со алтернативниот министер за Европа на Грција, Милтиадис Варвициотис, прва официјална средба на министрите за европски прашања на двете земји, по изборот на новата Влада на Мицотакис во Грција. На средбата се очекува да бидат отворени прашањата за билатералната соработка меѓу двете земји, особено во рамките на предвидената соработка за европските интеграции на земјата.

По синоќешниот амбасадорски состанок во Луксембург, нема напредок во позициите на земјите-членки на ЕУ за отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија. Со тоа одлуката се префрлува за денеска на Советот за општи работи на ниво на шефови на дипломатии што се одржува во Луксембург.

Неколку часови пред денешниот министерски состанок во Луксембург, официјален Париз не ја открива својата позиција во однос на почетокот на преговорите за членството на Северна Македонија во ЕУ, јави МИА од Франција.

Од службата за односи со јавноста на француското Министерството за надворешни работи не одговорат на телефонските и писмените барања. Од Кеј Д’Орсеј единствено велат дека официјалниот одговор и француската позиција ќе бидат познати наскоро.

Македонија во НАТО е заслуга на сите политички партии од  осамостојувањето на земјата, а не само ДУИ.

повеќе

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе