Османи со амбасадорите во ЕУ: Да се искористи Словенечкото претседателство со Унијата

Искористувањето на можностите што ги нуди Словенечкото претседателство со ЕУ беше главна тема на работниот состанок на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со амбасадорите акредитирани во земјите членки на ЕУ и институциите поврзани со ЕУ.

„Следниот период, идните дипломатски делувања во однос на заокружувањето на нашето европско досие ќе бидат насочени кон искористување на можностите што ги нуди словенечкото претседателство, особено фактот што Словенија, како непосреден сосед на регионот, покажа посебен интерес за севкупен напредок на регионот на Западниот Балкан. Без разлика на предизвиците и сложениот политички контекст со кои се соочуваме, наша обврска е да продолжиме со несмален интензитет да го одржиме нашето досие високо на агендата кај европските престолнини“, изјавил Османи, нагласувајќи дека стартот на преговорите останува врвен приоритет за дипломатијата и во претстојниот период.

Како што соопшти МНР, на состанокот бил направен и пресек на сите дипломатски активности преземени за време на португалското претседателство, а Османи изразил задоволство од високото ниво на посветеност и интензивна активност на дипломатската мрежа. Исто така, се разговарало и за преземените обврски со нашето зачленување во НАТО и претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе