За идеите да се одвојат Скопје и Тирана на евроинтегративниот пат

Со Албанија на патот кон ЕУ сме посилни, не сум поборник на одвојување, вели Османи

„Одвојувањето на Северна Македонија и Албанија не зависи од нас, тоа e одлука на ЕУ. Процесот формално се заснова на индивидуални заслуги. Меѓутоа, отсекогаш била проценката дека се добива синергија, сила повеќе, доколку двете земји продолжуваат заедно“, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој нагласи дека никогаш не бил поборник на одвојувањето, бидејќи, како што рече, овие процеси се циклични, како што тоа било пред само две - три години, и може да сменат во обратна насока

„Се сеќавате дека во 2019 година беше обратна ситуацијата. Дали Северна Македонија треба да продолжи, а Албанија заостана затоа што ги немаше тогаш исполнето условите. Имаше и меѓу нас такви коишто лобираа Северна Македонија да се одвои. Отсекогаш предвидував дека овие процеси се циклични и може да се сменат во обратна насока“, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конферениција со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.

Тој оцени дека е важно е и дека ќе ѝ даде поттик на целокупната регионална интеграција, доколку Албанија и Македонија се држат заедно и ги започнат преговорите заедно при крајот на годината, во текот на словенечкото претседателство., Потоа, како што рече, секој ќе се движи со својата среќа и брзина што ќе ја наметне.

„Мислам дека почетокот е важен затоа што Комисијата потврдува дека двете држави ги исполнуваат условите. И навистина би било лоша порака ако поради прашања коишто не се поврзани со ЕУ, едната држава не продолжи. Мислам дека тоа ќе создаде значителен удар на кредибилитетот на европските интеграции во државата и во регионот“, рече Османи.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе