Во Лисабон

Османи: Северна Македонија е алката која ѝ недостасува на ЕУ

Спроведените реформи во клучните приоритетни области – владеење на правото, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата, со кои, се создаде и т.н. „трак рекорд" или видливи резултати од реформите, како важен патоказ за евроинтегративниот процес, се дел од темите на кои вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи разговарал со министерот за надворешни работи на Република Португалија, Аугусто Сантос Силва.

Како што соопштуваат од прес-службата на СЕП, на средбата биле отворени темите поврзани со европската интеграција на Република Северна Македонија во пресрет на претстојниот Извештај на Европската Комисија и јунските самити на ЕУ.

„Високо ја ценам португалската поддршка за евроатлантските аспирации и за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија, како и генералниот став на Португалија за поддршка на проширувањето на земјите од Западен Балкан, кое ќе донесе стабилност на целиот регион и ќе ги отвори вратите за соработка на повеќе полиња, што секако е во интерес и на одржувањето стабилност на цела Европа”, изјавил Османи, посочувајќи на новата европска реалност на Балканот – Република Северна Македонија, како стабилен партнер на ЕУ во промоција и заштита на европската идеја во регионот, или како што рекол: „Алката која ѝ недостасува на Европа на Балканот”.

Според него, иако во моментов сме во предизборна кампања, реформите продолжуваме да ги спроведуваме со силна динамика за да испорачаме резултати во овој клучен период за нешата европска интеграција, за добивање чиста препорака од страна на Комисијата како и конфирмација на одлуката за почеток на преговори со ЕУ оваа година".

Во рамките на работната посета на Португалија, Османи се сретнал и со претседателката на Комисијата за европски прашања во рамки на Парламентот на Република Португалија, Регина Бастос.

Османи во недела ќе учествува на Годишниот Хорасис глобален состанок,што е еден од водечките светски собири за бизнис на владини лидери каде оваа година дискусиите ќе се фокусираат околу темата „Катализирање на придобивките од глобализацијата”.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе