Османи се сретна со Борисов на софискиот аеродром, на пат кон Швајцарија

Министерот за внатрешни работи Бујар Османи денеска се сретнал со бугарскиот премиер Бојко Борисов, а средбата, како што објави Османи на својот Фејсбук профил, се одржала на аеродромот во Софија.

Средбата, како што соопшти МНР, минала во исклучително пријателски тон, а на неа биле отворени темите за билатералните односи, внатрешно-политичките случувања во двете земји, како и европските перспективи на Македонија и целиот регион.

„Добрососедските односи се наш прв приоритет, и нашата искрена заложба е зајакнување на односите со Република Бугарија. Тоа е и наш државен интерес, за што остануваме цврсто посветени на спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка како важна алка во зајакнувањето на довербата меѓу нашите граѓани“, изјавил Османи.

Османи и Борисов се согласиле дека патот напред е преку усвојување и практикување на европските вредности, а сојузништвото во НАТО и очекуваната блиска соработка во рамките на ЕУ, дополнително ќе ги зацврсти билатералните релации.

Како што соопшти МНР, Османи денеска престојува во работна посета на Швајцарија и на Шпанија, како дел од дипломатските активности за презентација на европското досие на земјата, но и за мобилизација на нашата дијаспора за вклучување во процесот на самопопишување во рамките на Попис 2021.  

Османи вчера на прес-конференција изјави дека решавањето на спорните прашања со соседна Бугарија не се издигнати како услов на Европската Унија за отпочнување на преговори за членство. Според него, инсистирањето на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ова прашање да се реши побрзо доаѓа поради фактот што, како што рече, сите одлуки во Унијата се носат со консензус и оти сѐ додека нема согласност од Бугарија процесот на преговори не може да почне.

Тој рече дека засега нема ништо ново во однос на разговорите со Бугарија, а нашиот фокус, во моментов е на работите од Договорот со Бугарија за кои имаме помалку разлики, бидејќи, како што истакна, јасно е дека политиката во Софија е фокусирана на нивните внатрешни прашања и изборите кои наскоро ќе се одржат.

„Но добро е во текот на овој период да се искористат деновите да се искомуницираат институциите што се однесува до секторските политики“, изјави вчера Османи.  

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе