Османи: Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го ревидира ставот во однос на Албанците и ќе го поддржи законот за јазиците

Патот до Брисел води преку Охридскиот рамковен договор и Законот за јазиците како едно од најсензитивните и најважните прашања од договорот, вели вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во интервју за „Телма“.

Тој вели дека Законот за јазиците е со европско знаменце, што предвидува негово донесување во брза постапка, затоа што е дел од националната програма за усогласување со европското законодавство и очекува до крајот на овој месец да се најде на дневен ред во Собранието.

„По 16 години постигнавме меѓуетнички консензус преку партиите што ги претставуваат македонската и албанската заедница да најдеме начин да го усогласиме различното интепретирање на членот 5 од Уставот и последното отворено прашање од Рамковниот договор да го унапредиме“, вели Османи.

Според вицепремиерот за европски прашања за донесувањето на законот нема да се чека мислењето на Венецијанската комисија околу употребата на албанскиот јазик на униформите на полицијата и на војската и на банкнотите, и додава дека доколу комисијата оцени дека овие одредби се уставни тие ќе бидат додадени во законот, а доколку не, тие ќе бидат оставени настрана.

Османи соопшти дека очекува во наредните денови да има средба со претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе ја побара нивна поддршка за законот.

„Овој закон е одличина можност ВМРО-ДПМНЕ да го ревидира ставот во однос на Албанците. Текстот на законот е разговаран со сите политички партии и сите се запознаени со него. Очекувам наредните денови да се сретнам со претставници од ВМРО-ДПМНЕ со цел да укажам дека одредени прашања кои што се стратешки важни за државата треба да се издигнат на натпартиско ниво и за нив да биде постигнат консензуз. Се надевам дека ќе има разбирање по однос на потребата за затворање на ова важно прашање“, вели Османи

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе