Османи-Рот: Бундестагот за една недела ќе одобри почеток на преговорите со ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во рамки на работна посета на Германија имаше средба со германскиот државен министер за Европа и претставник на Германија во ЕУ, Михаел Рот на која што се разговарало за германската поддршка за  добивање датум за почеток на преговори со ЕУ.

„Доаѓам на само една недела пред седницата на Бундестагот кога ќе се отвори точката за поддршка не европските интеграции на Република Северна Македонија, да ја пренесам благодарноста на Владата за вашите несебични напори да ѝ обезбедите на мојата земја зелено светло за старт на преговорите“, изјавил Османи на средбата.

Тој, како што соопштија од СЕП, го информирал Рот за последните актуелност во земјава, изразувајќи притоа уверување за истрајноста и посветеноста на Владата во отстранувањето на сите формални и неформални забелешки кои можат да претставуваат предизвик за одлуката во октомври.

„Остваривме напредок во сите посочени области од страна на Европскиот Совет, и во континуитет остваруваме солиден ‘трек-рекорд’, успешна имплементација на донесените реформи“ истакна Османи.

Османи добил потврда од Рот дека германската Влада во целост ги поддржува европските интеграции на земјата, и дека цврсто ќе застане за време на сесијата на Бундестагот во одбрана на позициите на Владата за старт на преговорите со Република Северна Македонија во октомври.

Од Берлин, Османи директно патува за Варшава на средби со државниот секретар за европски прашања при полското МНФР, Конрад Шимански и со министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович.

Посетите на Берлин и Варшава преставува дел од европската турнеја на Вицепремиерот Османи, за посета на европските метрополи, а во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе