Османи: Република Илинденска Македонија е магична формула, ова е златна шанса

Предлогот Република Илинденска Македонија е магична формула, која во себе ги вклопува сите коцки во еден успешен мозаик, смета вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи.

Тој вечерва во емисијата Топ тема за Телма нагласи дека во целиот процес мора да се прави дистинкција меѓу суштината и формата.

„Мора да направиме разлика меѓу суштината и формата. Суштина е какво е, форма е колку и каде ќе се имплементира и согласно тој концепт беше новиот предлог. Ако има добро решение не е важно колку и каде ќе се употреби. Сметам дека тој предлог беше таков, инклузивен е за сите чинители во општеството - политички, партиски, етнички и ги овозможува двете основни барања на Грција јасна дистинкција со нивниот региони и можноста за севкупна употреба“, рече Османи.

Тој нагласи дека ова се ставови блиски на владите во двете држави, а за прашањето не решаваат само владите, туку и опозицијата, граѓаните и просецот сега е во фаза на консултација со останатите чинители.

Ова не е конечно решение, туку усогласен став на владите дека може да биде конечно решение, рече Османи и истакна дека додека не се договори сѐ во процесот на преговорите, ништо не е договорено.

„Доколку отпадне едната опција од сите седум го растураме целиот пакет. Овој пакет, како што сега е поставен  може да успее и сметаме дека сѐ уште има шанси во двете земји. Ако еден момент во пакетот се измени се менува целиот пакет. Ако прифатиме друг предлог ќе мора да почнеме нови преговори за целиот пакет. Со ова и Албанците прават компромис и очекуваме и Грците да направат компромис“, додаде тој.

„Враќањето назад не значи враќање на нула, туку некаде позади нула. Не смееме да ја испуштиме оваа златна шанса“, додаде Османи.

Тој појасни дека во договорениот пакет јазикот останува македонски, а државјанството македонско/државјанин на Република Илинденска Македонија.

Османи истакна дека според албанскиот коалициски партнер во Владата, не треба да има референдум за името, но доколку таква одлука се донесе „активно ќе учествуваме во тој референдум“.

За вицепремиерот Република Илинденска Македонија на албански, онака како што ја кажа премиерот Зоран Заев во саботата по лидерската средба, која во себе го содржи терминот „Илиндитасе“ и фонетички и граматички звучи албански.

Премиерот откако го кажа предлогот на македонски го изговори и на албански и англиски. Албанската верзија која ја кажа Заев е Republika Ilinditase e Maqedonisë.

„Целиот овој процес  е продукт на еден компромис, во кој секој треба да се најде себе си и треба да се попушта. Сметам дека ова решение и албанската верзија на името го објаснува концептот  на заедничката борба на Албанците и Македонците за заедничка држава уште пред 115 години, рефлектирана преку Илинденското востание, меѓутоа и фонетички и граматички звучи албански, така што задоволува некои основни барања и принципи во целиот овој процес“, појасни Османи. 

Во врска со коментарите на некои Албанци, меѓу кои и лингвисти дека преводот не е соодветен, рече дека им посочил оти „тоа е овдешниот менталитет, дека сѐ официјално во оваа држава треба да биде на македонски, а сѐ албански треба да биде превод“.

Тој вели дека „Илиндитасе“ значи Илинденско востание и на албанаски јазик, со тоа што зборот „ден“ е исто така преведен на албански и додаде дека спорно е дали имињата се преведуваат или не.

Албански лингивсти забележаа дека терминот „Илиндитасе”, нема смисла на албански јазик. Лингвистите објаснуваат дека овој превод е во судир со граматиката на албанскиот литературен јазик. 

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе