„Враќање на довербата“

Османи: Прво формирање на новата влада, па средба со бугарскиот премиер Петков

Предвидено е интензивирање на комуникацијата со Бугарија уште во првите денови и недели од оваа година, но прво треба да се формира новата македонска влада, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Очекуваме конструктивни разговори со новата Влада во Република Бугарија, враќање на довербата, разговор по однос на суштинските прашања што ги имаме на маса и брзо деблокирање на процесот. И тоа е за нас најважно“, порача Османи на денешната прес-конференција.

На новинарско прашање дали е закажана средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков, појасни дека предвидено е интензивирање на комуникацијата уште во првите денови и недели од оваа година. Сепак, потенцира,треба да се изгласа новата влада во Собранието, за потоа да може формално да се остварат средби на идниот премиер, па и на претставниците на Владата.  Во меѓувреме, според него, ќе се работи на подготвителни активности за остварување на тие активности веднаш после формирањето на новата влада.

„Целта на посетата, односно на таа средба е враќање на односите во еден нормален, европски, евроинтеграциски колосек, враќање на довербата и заеднички ангажман во надминување на овој предизвик пред кои нашите односи се соочени“, рече Османи.

Прашан дали ќе се побара бугарската декларација да претрпи некаква промена за да можат да продолжат преговорите, Османи е дециден дека  декларацијата на бугарскиот Парламент е нивно внатрешно прашање,  а нас, како што рече, ни е важен нашиот билатерален однос со Бугарија и нејзиниот став во рамки на Советот на ЕУ во однос на почетокот на преговорите.

Османи потсети дека Бугарија пред два дена одбележала 15 години членство во ЕУ и во целиот овој период се профилирала како земја поддржувач на проширувањето.

„Тоа е поради фактот што тоа е национален интерес на Бугарија, но и стратешки и геополитички интерес на ЕУ. Проширувањето не е само интерес на нас или на земјите аспиранти и кандидати, туку е стратешко геополитичко прашање за Унијата, вклучувајќи и за земјите членки, па и за Бугарија. И оттука, очекуваме во рамки на таа визија да ги продолжиме разговорите, бидејќи и нашите односи ќе го добијат својот вистински потенцијал доколку се остваруваат во рамки на евроинтеграциските аспирации, односно амбиции на регионот“, изјави тој.

На прашањето за изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можно одвојување на Албанија од пакетот, Османи оцени дека неформалното политичко групирање на Албанија и на Северна Македонија е во интерес на двете држави.

„Овие процеси се циклични, денеска Албанија нема проблем, Северна Македонија има, меѓутоа во 2019 година беше обратна ситуацијата, ние немавме проблеми, Албанија имаше проблем. Доколку краткорочно гледаме, можеби ќе имаме одреден интерес за еден чекор во процесот, меѓутоа долгорочно со регионална динамика двете држави ќе добијат. Затоа сметам, ако е ова аргумент плус, за убедување на албанските државјани, на албанската Влада, дека неформалниот регионален пристап е во интерес на двете држави, па и на регионот во целина. Но, Албанија има право да бара такво нешто, бидејќи процесот е индивидуален“, појасни министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На прес-конференцијата Османи информираше дека почнале подготовките за македонското претседавање со ОБСЕ во 2023 година.

„Северна Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ или познато како ОБСЕ тројка, заедно со сега веќе минатогодишниот претседавач Шведска, како и актуелниот претседавач за оваа година Полска. Со тоа и формално започнуваат и нашите обврски поврзани со претседавањето во 2023 година со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ во која членуваат 57 земји, плус 11 медитерански и азиски земји партнери на Организацијата.

За нас во куќата на дипломатијата, истакна тој, еден од најважните приоритети во 2022 година ќе биде токму претседавањето со ОБСЕ и преку активната улога како дел од тројката, но и преку нашата подготовка за претседавањето во 2023 година“, рече Османи.

Активностите во оваа година, според него, ќе претставуваат еден вид генерална проба за целосно преземање на претседателството со Организацијата во 2023 година. Изрази уверување дека МНР, со поддршка и на останатите релеватни институции, има капацитет да одговори на предизвикот и да биде на висина на задачата.

За оваа намена, информираше Османи, веќе е предвиден и буџет за реализација на активностите кои произлегуваат од претседавањето со ОБСЕ. Во таа насока во Буџетот за оваа година се предвидени околу 110 милиони денари или без малку околу 1,8 милиони евра. Годинава, како што додаде, предвидено е да се упатат околу 15 дипломати во мисијата во Виена, кои ќе работат во рамки на претседавачкото трио и водењето на групата на медитерански партнери, но и ќе се подготват за финално преземање на претседателството со ОБСЕ во 2023 година.

За оваа намена, информираше Османи, веќе е предвиден и буџет за реализација на активностите кои произлегуваат од претседавањето со ОБСЕ. Во таа насока во Буџетот за оваа година се предвидени околу 110 милиони денари или без малку околу 1,8 милиони евра. Годинава, наведе шефот на дипломатијата, предвидено е да се упатат околу 15 дипломати во мисијата во Виена, кои ќе работат во рамки на претседавачкото трио и водењето на групата на медитерански партнери, но и ќе се подготват за финално преземање на претседателството со ОБСЕ во 2023 година.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе