Османи: Продолжува услогласувањето со Софија за акцискиот план

Продолжува  комуникацијата со Бугарија на политичко ниво, меѓутоа се разбира и работата на Комисијата за историски и образовни прашања. Но, не секогаш на секоја средба на комисиите може да се очекува по некој спектакуларен резултат, и затоа е интенцијата овие средби да бидат почести за да се дојде до решенија, изјави денеска министерот за надворешни работи, одговорајќи на новинарско прашање за последната средба на заедничката македонско-бугарскка комисија на која не беше постигнат позначителен напредок за отворените прашања.

„Имало прогрес вчера, усвојување на записникот, разговарано е отворено, конструктивно, но не е постигнато одредено усогласување за прашањето за препораките во делот на учебниците итн. што не значи дека разговорите од вчерашната и завчерашната средба не се добра основа за следната веќе која што е закажана за месец дена да може да се најде одредено решение“, рече Османи.

Смета дека е добро да има почести средби, и оти со таков пристап полесно ќе се дојде до повеќе заеднички заклучоци.

Османи посочи дека во меѓувреме проодлжува и усогласувањето со Софија околу акцискиот план. За то пред два дена разговарал во Софија со бугарската колешка Екатерина Захариева, а комуницираат и двете министерства со цел да може да се пристапи кон следниот чекор, а тоа е одржување на меѓувладината средба.

„Мислам дека засега прашањата за коишто разговараме се јасни. Нашата интенција е дека треба да се вратиме на Договорот, на начелата на Договорот или инструментите коишто ги предвидува Договорот. Мислам дека се повеќе од бугарска страна се потврдува таа интенција дека само Договорот е решението, а Договорот има јасни утврдени насоки кои се разликите и како треба да се надминат разликите. Мислам дека отворање на дополнителни прашања не е во интерес ниту на двете страни,ниту на процесот“, изјави министерот Османи.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе