По скандалот со македонските дипломати

Oсмани призна дека лица барани со потерници работеле како дипломати

Ќе има целосен ветинг, ќе направиме детална проверка на сите дипломати за да не се случи повторно ваков скандал, лица барани со потерници да работат како дипломати, изјави денеска Бујар Осамни, министерот за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи вчера потврди дека минатата недела македонски дипломат бил уапсен во Србија на граничниот премин Прешево – Табановце при обид за влез во Македонија.

Станува збор за заменик шефот на мисијата на Македонија во ОБСЕ во Виена Миле Миленковски кој се барал со меѓународна потерница за дело кое го направил пред три години. Тој, заедно со уште две лица пред три години помогнале во бегството од Ерменија на братот на сменетиот ерменски претседател, против кого во Ерменија се воделе процеси за затајување на данок и незаконско богатење. Ерменските власти македонскиот дипломат го бараат заради помагање во бегство на лице осомничено за злоупотрба на неколку милиони евра.

Како што МКД.мк веќе објави, српските власти привеле уште еден македонски дипломат, пензиониран, замешан во илегалното префрлање преку граница на ерменскиот дипломат за кого ерменските власти воделе истрага за даночно затајување.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе