Според договорот од 16 февруари „Лукоил“ треба да испорача 661.880 литри нафта за државните складишта. Со „Лукоил“ државата има договор за складирање на горивата од државните стокови резерви, пишува Фактор.мк.
„Мислам дека Русија, Руската Федерација, главно се финансира преку извори на енергија. Доминантните приходи на Руската Федерација се од готови енергетски ресурси. Секако дека со нивното купување се финансира руската армија, таму нема дилема“, изјави минатата недела министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Македонија има во задолжителните резерви на нафтени деривати вкупни горива кои покриваат потреби за 54 дена, според тврдењето на првиот човек на Агенцијата, Уљуси Бекири. Тој вели дека од дел од горивата има резерви и за повеќе денови. Прашањето за количината на нафтени резерви се актуелизираше со конфликтот, односно по инвазијата на Русија во Украина и растот на цените на енергентите.
На овие податоци реагираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антониот Милошоски:
„За министерот Бујар Османи од ДУИ голем проблем е кога граѓаните за 500 денари точат скапа нафта на Лукоил, но кога се големи пари во прашање ДУИ немаат проблем, па затоа нивниот Уљуси Бекири (директор на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви) купува голема количина на нафта од Лукоил, за што пред неколку дена им исплатил 500.000 евра Каква хипокризија“.