Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања

Османи: Преговорите може веднаш да почнат, спремни сме за предизвикот

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, учествуваше на шестата седница на Националниот совет за евроинтеграции, на тема „Очекувањата и перспективите во процесот на пристапување во Европската Унија".

„Веднаш да се изјаснам и да не оставам простор за какви било дилеми: спремни сме за предизвикот што го носат пристапните преговори. Тие може да почнат веднаш", истакна вицепремиерот Османи.

Во обраќањето Османи реферира за текот на транспонирањето на европското законодавство, при што пред присутните објасни детаљно до каде е процесот и што ја очекува земјата кога ќе ги почне преговорите со Унијата, а ја презентира и преговарачката структура, чие воспоставување е веќе финализирано.

„По две децении во процесот на европска интеграција, Република Северна Македонија, конечно, ќе премине во долгоочекуваната фаза на преговори, која претставува не награда, туку валоризација на сè она што го постигнавме заедно, особено реформите што беа спроведени со консензус и на партиите на власт и на тие во опозиција. Со тоа им покажавме и на граѓаните и на нашите меѓународни партнери дека европската интеграција е стратешка определба во која сите веруваме и за чие што остварување сите придонесуваме", рече Османи притоа посочувајќи дека верува оти на октомврискиот самит земјите членки ќе донесат одлука која ќе даде импулс за натамошен напредок на земјава, импулс што ќе има позитивно влијание и врз другите процеси во регионот, а ќе претставува и позитивен придонес во создавањето постабилна, побезбедна и кредибилна Европска Унија.

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе