Собраниска Комисија за надворешна политика

Османи пред пратениците ќе објаснува за што се разговара со Бугарија

Собраниската Комисија за навдорешна политика денеска треба да одржи седница на која што на дневен ред е разгледување на прашањето за почеток на пристапните преговори со ЕУ за време на португалското претседателство, а во контекст на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, потпишан на 01.08.2017 година.

Претседателот на Комисијата, пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ минатата недела побара од министерот за надворешни работи Бујар Османи да реферира пред членовите на ова собраниско тело за што се разговара со Бугарија, пред состанокот на Советот на ЕУ следната недела.

Османи вчера потврди дека денеска во собраниската Комисија ќе има можност отворено да разговара со пратениците за, како што рече, хронолошки да ги објасни активностите што се преземени сите овие месеци за да се обезбеди исчекор на европскиот пат.

„Иако целиот овој период се обидов да бидам транспарентен со јавноста во однос на тоа што разговараме, што се пречките, кои се принципите, кои се нашите очекувања, добро е да се направи пресек пред пратениците. Така што ќе се објаснат позициите наши, односно тоа дека Република Северна Македонија ги има исполнето сите услови за почнување преговори и преговорите заслужува да ги почне”, рече Османи во интервју за Телма.

Тој додаде дека ставот на 26 земји членки е оти Македонија е најдоброто досие во регионот и дека преговорите мора да почнат, а секое одложување значи сериозно нарушување на кредибилитетот на процесот.

 

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе