Во пресрет на преговорите

Османи: Потребна ни е квалитетна реформска агенда

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, пред членовите на министерскиот совет ја презентираше драфт верзијата од Планот 18.

„Имавме одлична презентација на Планот 18 пред различни целни групи како што е Делегацијата на ЕУ, мисиите на ОБСЕ, граѓанскиот сектор, опозицијата, со што го продолжуваме принципот на инклузивност уште во фазатра на негово создавање“, исткна Османи на средбата.

Османи информирал за успешноста во овој процес, за сугестиите и за позитивните коментари кои заслужуваат сериозно да бидат земени предвид при финализацијата на Планот.

„Планот 18 мора да го надмина квалитетот и амбициите на Планот 3-6-9, и да ја задржи и засили рефромската агенда на Владата во периодот од одлуката за преговори, па сè до нејзиниот почето“, кажа Османи.

Османи упатил на важноста од создавање квалитетен План кој ќе ги оправда очекувањата за квалитетни и суштински реформи, и довербата во реформскиот курс на владата, како на домашната, така и на меѓународната јавност.

„Во текот на наредната недела не очекува серија активности во насока на усогласување со забелшките на Планот кои во овој период пристигнуваат од сите заинтересирани страни“, истакна Османи.

 

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе