Османи порача дебатата за преговорите за името да не се води преку медиумите

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи порача дебатата за решавање на прашањето за името да не се води преку медиумите и додаде дека има придвижување во процесот. 

„Клучно за успехот на овој процес е дебатата да не се одвива преку медиуми. Ова се однесува и за пријателите од грчката страна и за нашите претставници. На ниту еден начин нема да му помогне на процесот преку дебата во медиумите. Затоа треба да ја држиме оваа дебата во рамки на преговарачките тимови, а во моментот кога ќе имаме начелно некоја согласност, тогаш можеме да излеземе во јавноста и да побараме мислење од граѓаните и од другите општествени слоеви“, изјави Османи пред отворањето на Националната трилатерална конференција „Евроинтеграцијата на Македонија и иднината на Европската унија“.

Османи потврди дека од седум точки во преговорите, три се полесни, а четири се потешки, меѓутоа, додаде, ако сега почнуваме да лицитираме, дебатираме и да испраќаме пораки, тоа е моделот за неуспех.

„Не велам дека во еден момент нема да излеземе со сите опции, но процесот сѐ уште не е зрел за да можеме да го изложиме во јавноста. Тие што се обидуваат сега да наметнат различни теми за ова прашање што не се суштествени, се обидуваат да му одмогнат на процесот, а верувајте дека има сили кои не сакаат Македонија да го затвори прашањето и да успее“, рече Османи.

На денешната конференција тој пред невладините организации ја презентираше Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година рече дека граѓанскиот сектор претставува нераскинлив дел од изградбата на демократско општество. 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе