Османи по средбата со Ландсбергис: Топката не е во нашиот двор, туку во Софија и во Брисел

До крајот на француското претседателство со ЕУ има уште два месеца време за позитивен резултат во однос на кревањето на бугарското вето за почеток на преговори, но министерот за надворешни работи Бујар Османи не е сигурен дека во јуни Македонија ќе добие датум за преговори за членство во Европската Унија.

По средбата со министерот за надворешни работи на Литванија, Габриел Ландсбергис, Османи рече дека земјава направила се што се барало, а доколку датумот не биде доделен, тогаш одговорноста ќе биде кај Бугарија и ЕУ.

„Топката не е во нашиот двор, туку во Софија и во Брисел“, изјави Османи.

Според него, ќе опадне и заинтересираноста на граѓаните за овој процес, а Македонија ќе треба да се посвети на внатрешните проблеми.

Министерот Ландсбергис кажа дека ниедна земја не може да го држи целиот пристапен процес во заложништво и дека тоа го споменал многу јасно. Според него, крајно време е да се постават прашања за вистинските мотиви.

„Веројатно не постои подобро време кога нашите европски вредности биле поставени на тест и ние се наоѓаме на крстопат кога можеме или да се срушиме да изгубиме кредибилитет или да излеземе од тоа посилни. Досега Европа за време на кризите, секогаш излегуваше посилна и убеден сум дека и овој пат нема да биде различно“, рече Ландсбергис.

Прашан дали ќе поддржи одвојување на Македонија и на Албанија во процесот на пристапување, тој истакна дека сѐ уште се надева оти следните два месеци од француското претседателство ќе донесат позитивни резултати и нема да има потреба од раздвојување на двете земји.

„Не би сакале тоа да се случи. Мислам дека не се искористени сѐ уште сите инструменти за да се спречи тоа за да може двете земји заедно да се придвижат колку што е можно побрзо“, изјави Ландсбергис.

Османи, пак, порача дека се неопходни геостратешки одлуки налик на оние во 2004 и 2007 година, кои ќе го зајакнат европскиот курс на регионот, ќе го задржат кредибилитетот на Унијата во регионот и ќе ги одвратат влијанијата на останатите геополитички центри на моќ.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе