Пред срудентите на Економски факултет на УКИМ

Османи: По двегодишна доминација на надворешната политика, фокусот на Владата ќе биде на економијата

Уште денеска ќе биде договорен состанокот меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети околу најавената реконструкција, најави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

Османи денеска присуствуваше на средба со студентите од Економскиот факултет при УКИМ, и кажа дека оваа тема не треба да биде доминантна во политичкиот дискурс, бидејќи, според него, таа е помалку важна отколку суштинските теми, а тоа е реализација на програмата на Владата и големите чекори во поглед на интеграциите.

„Но тоа е интересот на јавноста и ние сме должни да одговориме на тој интерес. Уште денеска ќе го договориме состанокот меѓу двајцата лидери, за да можат да разговараат по однос на рефокусот на Владата кон темите што ќе бидат актуелни во периодот што доаѓа“, изјави Османи.

Тој додаде дека во првите две години од оваа Влада доминантна беше надворешната политика, а сега во втората половина од мандатот во фокусот ќе биде економијата.

„Тука ќе требаат дополнителни зајакнувања на човечките капацитети, со цел да се испорачаат резултати во тој дел. Не можеше пред да се затворат политичките теми да се испорачаат економски резултати, бидејќи во услови на меѓународна изолација во еден глобален свет, тешко е една мала држава како Северна Македонија, да може да биде дел од позитивните економски текови“, оцени тој.

Османи го повтори уверувањето дека на јунско-јулските самити на ЕУ ќе биде донесена одлука за почеток на преговори, иако, како што истакна, шпекулациите од некои членки се дека тоа може да биде и октомври.

Пред студентите на Економскиот факултет при УКИМ, Османи го претстави проектот „Со европско знаење до европската престолнина“, конкурс наменет за студентите по општествени науки при државните универзитети, на кој преку учество со изработка на есеи, имаат можност да го покажат своето европско знаење.

Најдобрите 12, за кои ќе одлучат самите факултети, ќе добијат шанса да престојуваат во тридневна студиска посета на Брисел, каде што ќе имаат можност да ги посетат клучните институции на ЕУ, како и да се запознаат со начинот на нивната работа. 

Фото: МИА

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе