Османи: Со Захариева разговаравме за секторска соработка и одржување на состанокот на меѓувладината комисија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук-профил објави дека попладнево во Софија, се сретнал со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, со која разговарал за секторската соработка и подготовките за одржување на состанокот на меѓувладината комисија.

„На враќање од посетата на Париз, застанав во Софија и се сретнав со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, со која разговаравме за секторска соработка и подготовките за одржување на состанокот на меѓувладината комисија како инструмент кој произлегува од договор за добрососедство веднаш по усогласување на акцискиот план за секторска соработка“, наведува Османи во објавата на Фејсбук.

Министерството за надворешни работи соопшти дека на средбата Османи – Захариева биле разгледани актуелностите поврзани со кризата од Ковид-19 и начините на кои двете земји остваруваат соработка во справувањето со овие предизивици.

„Во оваа прилика Захариева потврди дека се прават напори за изнаоѓање начин за испорака на ветените вакцини за Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

МНР информира дека во продолжение на средбата било разговарано за Акцискиот план за меѓусебна соработка и можноста за неговата финализација, во функција на евентуално договарање на втората меѓувладина конференција меѓу двете влади, чии копретседавачи се токму министрите Османи и Захариева.

„Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка и приликата ја искористија и за размена на мислења и за други теми од заеднички интерес за двете страни“, се додава во соопштението.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Захариева денеска на негово барање го примила министерот Османи, „кој патуваше транзитно низ Бугарија".

„За време на нивната неформална средба беа разгледани билатералните односи, европската перспектива на Република Северна Македонија и предизвиците со кои се соочуваме за време на пандемијата Ковид-19“, се наведува во соопштението.

Според бугарското МНР, Захариева на средбата ја потврдила принципиелната поддршка на Софија за европската интеграција на Северна Македонија, со исполнување на соодветни услови.

„Двајцата министри ја разгледаа заедничката работа за исполнување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 година и разговараа за претстојното свикување на меѓувладината конференција, која ќе се одржи кога двете страни ќе го одобрат нацрт-протоколот. Бугарската страна посочи дека според Договорот од 2017 година, на идниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија треба да се направи целосен преглед на спроведувањето на Договорот, да се усвои годишен извештај за работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и да се посочат конкретни идни активности за соработка“, се додава во соопштението.

Според Бугарското МНР, двајцата министри изразиле задоволство од конструктивниот тон во кој се водат разговорите меѓу нив и меѓу дипломатите од двете министерства и ја разгледале работата на конкретни проекти што ќе ја подобрат повзраноста меѓу двете земји.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе