Османи од Познан: Одложувањето на преговорите со ЕУ создава фрустрации и недоверба

Процесот на проширување на ЕУ и случувањата поврзани со последните Самити на ЕУ беше централна тема на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група - В4 и земјите од Западен Балкан - ЗБ6, што се одржа во Познан, во рамките на полското претседавање, а на кое учествуваше министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

На состанокот, во присуство на специјалниот претставник на ЕУ за регионалните прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак и на МНР на Хрватска, биле отворени прашања за иднината на пристапниот процес со земјите од регионот како двонасочен процес што подразбира исполнувања од двете страни, како и одразот на сите овие прашања врз кредибилитетот и интегритетот на ЕУ во регионот и глобално.

Османи, како што соопшти МНР, се заблагодарил до претстојното словенечко претседателство за нивните планови и приоритети во однос на Западниот Балкан, но и за напорите на португалското претседателство за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

„Земјата во изминатите години вложи исклучителни напори за да го отвори преговарачкиот процес; соодветно, секое одложување на овој старт создава одредени фрустрации и недоверба кон процесот на проширување. Но и покрај овие предизвици, ние не само што не се откажуваме од сопствената европска иднина, туку продолжуваме и со активен ангажман во надминување на недоразбирањата со нашиот сосед, како и со нашиот активен ангажман во заштита и промоција на европскиот кредибилитет во регионот“, изјавил Османи.

Министрите испратиле порака да се продолжи со напорите за донесување на неопходните одлуки во рамките на словенечкото претседателство до крајот на годината, ја нагласиле важноста од продолжување на процесот на проширување како стратешка цел на ЕУ и ја истакнаа важноста на преговарачкиот процес за внатрешните реформи на земјите, како и за севкупна позитивна трансформација на регионот.

На состанокот се разговарало и за регионалната соработка во контекст на економското заздравување на регионот, продлабочувањето на соработката во областите на заедничкиот регионален пазар, дигитализацијата, зелената агенда, како области со голем потенцијал за економско заживување на регионот.

Османи говорел и за годинешното претседавање на Северна Македонија со Фондот за Западен Балкан, чија работа во голем дел е поддржана од Меѓународниот Вишеградски фонд и В4 групата. Тој ги изложил приоритетите на претседавањето на земјата со Фондот кои се однесуваат на негов натамошен раст, зголемена проектна активност и јакнење на регионалната сопственост врз неговата работа.

 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе