Со помош од ЕУ и меѓународните донатори

Османи: Од Норвешка се обезбедени 25, од Кина засега се чекаат 30 респиратори

Вкупно 55 респираторни машини се обезбедени за потребите на здравството во Македонија за справување со ситуацијата на корона вирусот, информираше вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. Од Норвешка се обезбедени 25 респиратори и тие моментално се во депо во Турција и сѐ уште се наоѓа решение за транспорт во нашата земја. Обезбедени се и 30 респиратори од Кина со средства на ЕУ, од првите четири милиони кои ги обезбеди Делегацијата на ЕУ, а ќе се купуваат преку УНДП.

Османи кажа и дека НР Кина позитивно одговорила на наше барање за обезбедување на респиратори, но не може да се каже точната количина на респираторни машини кои ќе се добијат од билатералната соработка бидејќи, вели, во моментов 100 земји бараат исто. Воедно од Кинеската амбасада фондот кој што го има го насочила за набавка на материјали за справување со пандемијата.

Како национален координатор за странска помош, СЕП, рече тој, минатата недела формираше работна група од претставници на институциите како едно централно тело, во кое се собираат сите приоритети и потреби од страна на институциите во комуникција со меѓународните донатори. Притоа првично е направена листата од 89 артикли за потребите на Инфективната клиника за проектирана состојба од 2.000 пациенти кои би имале потреба за лекување на Клиниката.

Направени се и три дополнителни листи за пет институции и тоа за Министерството за здравство, за МВР, МО, ЦУК и ДЗС и тоа за потреби за еден месец, меѓу 1 – 3 и за 3- 6 месеци. Паралелно е формирано координативно тело на агенциите на ОН со Делегацијата на ЕУ и претставниците на нашето координативно тело кое на дневна основа ги централизираат потребите на институциите како и можностите на донаторите за обезбедување на потребите на институциите.

Тој потсети дека еврокомесарот Вархеји информирал за одлуки на ЕУ со кои ќе и помогнат на земјава за борба поротив коронавирусот во вредност помеѓу 65 и 70 милиони евра (4 милиони евра за набавка на респиратори од Кина, 50 милиони евра кои земјата ги добила како награда за реформите ќе бидат пренасочени за олеснување на социоекономските ефекти од пандемијата, 9 милиони евра за програмата за поддршка на МСП и 3 милиони евра за поддршка на Буџетот.) Од Вархеји добиена е потврда дека се разгледува и можноста да имаме пристап до Европскиот солидарен фонд за справување со елементарни непогоди и пандемии, за што конечна потврда се очекува од Европскиот совет во текот на денов или утре. Фондот може да го користат земјите членки и земјите кои преговараат, а среќна околност е што добивме одлука за почеток на преговори со ЕУ со што добиваме право да имаме пристап до овој фонд.

„По првичниот шок од епидемијата со КОВИД 19 ЕУ почна да ги активира механизмите за заедничко делување и солидарност. Можеби некому тоа делува бавно, но реакцијата на ЕУ е навремена имајќи предвид дека ова се само првични активности  за поддршка кои со сигурност ќе се зголемуваат во периодот што претстои како од ЕУ така и во рамки на билатералната соработка со земјите членки“, нагласи Османи.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе