Османи: Очекуваме безусловна и чиста препорака од Европската комисија за почеток на преговори

Македонија очекува валоризирање на реформските напори и чиста и безусловна препорака од Европската комисија до Советот на ЕУ за почеток на преговорите, изјавил вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на средбите со  генералниот директор на Директоратот за европска и соседска политика и преговори за проширување ДГНЕАР, Кристијан Даниелсон и на брифингот со претставниците на Директоратот за напредокот на Македонија, во пресрет на претстојниот Извештај на Европската комисија за состојбите и напредокот на Република Македонија.

На средбата во Брисел Османи додадал дека во претстојниот период, пред априлскиот извештај на Европската комисија, Владата е целосно фокусирана на  реформите, како и отстранувањето на сите останати политички пречки на евроинтегративниот пат на земјава.

Тој, како што соопшти СЕП, кажал дека очекува извештаите на Европската комисија да обезбедат јасна и прецизна проценка за севкупната подготвеност и напредокот не само на Македонија, туку и на сите земји од регионот, имајќи предвид дека европските интеграции на земјите од Западниот Балкан претставуваат европски предизвик, кој е во интерес на постабилна, побезбедна и обединета Европа.

На средбите била презентирана содржината на работна верзија на Извештајот за состојбите и напредокот во Република Македонија, при што биле разменети аргументи околу состојбата и напредокот на земјава. Османи брифирал за состојбата со имплементацијата на Планот 3-6-9, како и за предизвиците со кои Владата се соочува при реализацијата на обврските и отстранувањето на политичките пречки за напредок во евроинтегративните процеси.

 

 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе