За процесот на идентификација

Османи очекува бугарското Обвинителство утре да го одобри вклучувањето на тимот на Судска медицина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во одговор на новинарско прашање на прес-конференција рече дека е информиран за тоа дека тимот на Институтот за судска медицина не добил дозвола да влезе на обдукциите на загинатите во трагедијата во Бугарија кои се во тек во Софија. Министерот вели дека упатиле нота до МНР и дека барањето за обдуцентите од Македонија да може да присуствуваат и активно да учествуваат во процесот на идентификација.

Фото: ЕПА

„ Утрово ме информираше за тоа министерот за здравство, Венко Филипче дека тимот од Институтот за судска медицина не можел да влезе на обдукција. Веднаш го контактирав мојот колега од Бугарија и ни беше кажано дека треба да испратиме нота. Ние тоа веднаш го направивме и МНР упати нота со барање тројца експерти од Институтот за судска медицина и криминалистика да бидат дел од процесот на идентификација. Очекувам утре Обвинителството од Бугарија да го одобри нивното вклучување", рече Османи во одговор на новинарско прашање.

Тројца доктори од Институтот за судска медицина и криминалистика од Скопје веќе се во Бугарија. Таму во тек се обдукциите на загинатите во страшната трагедија која однесе 46 човечки животи.

Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков во телефонска изјава за МКД.мк вели дека веднаш тргнале за Софија, но дека наишле на потешкотии и не им било дозволено да влезат да го набљудуваат процесот на обдуцирање кој го прават бугарските колеги. Во Институтот за судска медицина во Скопје веќе се зема биолошки материјал од роднините на загинатите за да може да се спроведе процесот на идентификација.

„Тука сме во Софија, но за жал останавме надвор. Не ни беше дозволено да влеземе и да ги набљудуваме обдукциите кои ги прават колегите од Бугарија. Кога има настан од поголеми размери надвор од границите на нашата држава, тогаш согласно Декларацијата за идентификација на ИНТЕПОЛ, мора да има експерти од матичната земја кој ќе го следат тој процес. Но, не ни беше дозволено да влеземе внатре бидејќи сме немале дозвола од бугарското Обвинителство", вели во изјава за МКД.мк Станков.

Тој додава дека нашето Обвинителство ќе испрати писмо до бугарското, по што ќе чекаат за да добијат дозвола. Тимот од тројца обдуценти ноќта ќе ја мине во Бугарија и ќе чека утре да може активно да се вклучи во процесот на идентификација на жртвите.

Во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје во тек е земање на биолошки материјал од роднини на жртвите кои ќе може да помогнат во нивно идентификување, бидејќи се работи за лица кои се изгорени во пожар.

Од роднините се зема крв, парче од мускул, заб, односно она што е подобно за да може да се направи ДНК анализа.

Резултатите од идентификацијата треба да бидат готови за неколку дена, а материјалот кој овде се зема ќе биде испратен во Бугарија за да се направи споредбата и да се утврди идентитетот на жртвите.

Македонскиот тим од Институтот за судска медицина вели дека начинот на идентификација е идентичен за вакви настани, односно се прави на ист принцип како и за идентификување на жртвите во тетовската модуларна болница.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе