Османи: Неселективната борба против корупцијата е услов без кој нема напредок кон ЕУ

Владеењето на правото и неселективна борба против корупцијата е услов без кој нема прогрес на европскиот пат. Случајот „Рекет“ е тест за институциите токму во пресрет на големата одлука за тоа дали реформите што ги спроведовме во овој период и со Планот 369 и со Планот 18 создадоа институции со доволен капацитет да се справуваат со вакви предизвици, тест кој мора да се помине успешно од страна на државните институции и кој ќе биде пресвртна точка и одлучувачки за финалнатa одлука на членките на ЕУ, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

„Секоја криза претставува и можност доколу правилно се искористи и доколку на овој случај му пристапиме неселективно, транспарентно, ефикасно сметам дека оваа криза на институциите можеме да ја претвориме во можност за да покажеме пред земјите членки дека неселективно ќе се соочиме со кој било предизвик и дека имаме и ние низок праг на толеранција во однос на борбата приотив корупцијата и органиизраниот криминал, оти можеме да имаме дополнителен бенефит во одлуката на земјите членки за започнување на преговори“, додаде Османи на новинарско прашање дали случајот „Рекет“ е услов за почеток на преговори со ЕУ.

Тој повтори дека ќе биде важно доколку во следниот период се најде компромис со опозцијата за да се донесе законот за ЈО и на тој начин, вели, да создадеме институција која не само што ќе ги расчисти целосно дилемите кои произлегоа од прислушуваните разговори, туку во континуитет ќе продолжи да се бори со корупцијата на високо ниво.Османи рече дека имаат постојан контакт со претставниците на европските институции и земјите члнеки, и оти е нормално што има разочараност од последните настани, но сите заеднички констатирале дека сега реакцијата на институциите е многу поважна од постојната и фактичката состојба со која се соочуваме.

„Токму реакцијата на институциите ќе го утврди понатамошниот тек на политичките процеси и другите правни постапки. Пораките на сите со кои се сретнавме во изминатите денови во Копенхаген и Хелсинки е дека тестот мора да се помине успешно од страна на државните институции и верувам дека ова ќе биде моментот ќој ќе биде пресвртна точка и одлучувачки за нивната финална одлука во однос на разочараноста од однесувањето на конкретни поединци“, кажа Османи.

 

Во однос на правната празнина околу именувањето на наследникот на Катица Јанева, и дали тоа било тема на разговор во ДУИ и во односите со партнерот во владејачката коалиција СДСМ, Османи рече дека нема да се впушта во правно толкување на одредбите од законот, но дека најдобар одговор е компормис меѓу политичките чинители за трајно решение за СЈО преку новиот закон за ЈО.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе