По веста на МКД.мк дека САД не дадоа дипломатска согласност

Oсмани: Не сме кажале дали е или не е кандидиран Фрчкоски за амбасадор

Во емисија на ТВ21 министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека информација на медиумите беше дека професорот Љубомир Фрчкоски е кандидат за амбасадор во САД, но и дека вечерва, исто така е информација на медиумите дека неговото име се повлекува од амбасадорската листа. Официјално неговото име не е соопштено, рече Османи, како реакција на веста на МКД.мк дека од Вашингтон не е дадена согласност Фрчкоски да биде амбасадор на Македонија во САД.

„Во ниту еден момент ние не сме кажале дека е кандидат, или дека е отфрлен или пак дека е прифатен, затоа што процедурите на кандидатури за амбасадор, односно амбасадори, сѐ до потврдувањето на агреманот се во дискреција и се работи за доверливи податоци", рече Османи за ТВ21.

Тој потенцира дека сѐ додека Министерството за надворешни работи не потврди одредена кандидатура за назначување амбасадор, тоа не треба да се земе како официјална вест.

Османи во гостувањето на телевизијата не ја потврди ниту ја демантира веста и остана на својата претходна изјава и кога новинарот забележа дека Фрчкоски добиваше честитки кога беше објавена веста за неговата кандидатура.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе