Османи не оди во Банско по покана од бугарското МНР

Бугарското Министерство за надворешни работи вчера испратило покана до министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, за одржување на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија, според членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Состанокот, според бугарското МНР, би се одржал на 9, 10 или 11 јули во Банско.

На состанокот треба да се разгледа исполнувањето на Договорот за добрососедство во изминатиов период, и да се преземат мерки за подобрување на двостраната соработка во сите сектори.

Експертите меѓу двете министерства за надворешни работи ќе продолжат со работа, велат од македонското МНР за ТВ24. Официјално Скопје ја известило Софија дека доколку е потребно, министерот Османи и министерката Генчовска ќе одржат онлајн-средба.

Министерот Османи како претставник на Владата во овој период ќе се фокусира на процесот во Собранието.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе