Посета на министерот за надворешни работи на Бугарија

Османи: Не може да се негираат некои провокации од Бугарија за територијални прентензии

Граѓаните имаат право да се здружуваат по секоја основа но сепак, културните центри во Скопје и во Софија се начинот на кој што треба да се разменува културата помеѓу двата народи, изјави денеска министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Осамни по средбата со неговиот бугарски домаќин, Николај Милков прашан дали Македонија ќе отвори културен центар во Благоевград.

„Донесен е закон во Собранието чија цел беше да се спречи саботирање на заедниците од страна на други чинители. Тоа што се оспорени одредени прашања, ќе предложам Владата да го прати законот до Венецијанската комисија за да каже дали има спорни елементи. Ова го сметам за важно затоа што во минатиот период бевме сведоци како се злоупотребуваат овие теми и преку манипулација на чувствата на граѓаните се креираат непријатни настани чија крајна цел е да се киднапирааѕт активностите на двете земји за унапредување на односите“, рече Османи.

Како што посочи Османи, една од најосетливите теми во Македонија е чувството дека некој ги предизвикува посебноста, идентитетот и јазикот, а тоа чувство е подгреано со провокации од некои чинители од Бугарија.

„Доколку успееме ова да го тргнеме од дискурсот со Бугарија, македонските граѓани да почувствуваат топлина и пријателство од ваша по овие прашања, верувајте дека ќе се отвори цел можен простор за соработка и за разговор по однос на работата на историската комисија, по однос на имплементацијата на протоколите и Договорот со добрососедство“, потенцираше Османи.

Милков пак рече дека средбата доаѓа во време кога и двете земји се соочени со криза во повеќе области.

„Во овој период и нашите односи може да се оценат како сложени. Затоа ние имаме интерес да ги вратиме позитивните односи на дневен ред, нешто што во последните месеци е загубено и од двете страни на границата. Парадокслано е да имаме една визија за развојот на регионот и на нашите меѓусебни односи а во исто време да владее една атмосфера која не е позитивна за нашите односи“, рече Милков.

Како што информираат од МНР, на средбата биле договорени конкретни механизми за превенција на говорот на омраза во двете земји, при што двајцата министри заемно се согласиле дека не треба да се дозволи бројните провокации од групи и поединци во двете земји да го нарушат процесот на зајакнување на добрососедските односи.

„Сакам да верувам дека заедно со колегата Милков ќе сториме сѐ за да не дозволиме други да ни ја водат надворешната политика, други да ни ги кројат билатералните односи, туку ние двајца, заедно со дипломатите од нашите министерства, во духот на европските вредности ќе продолжиме да градиме европска иднина за сите наши граѓани. Не треба да заборавиме дека сме ние актуелни сојузници во НАТО, идни партнери во Европската Унија, но пред сѐ пријатели и добри соседи, и очекувам нашата соработка да се развива соодветно", истакна Османи.

Во рамките на средбата била донесена и одлука за одржувањето на претстојниот Бизнис форум меѓу двете земји, во декември, на кој ќе се разгледуваат начините за заедничко справување со најактуелните прашања какви што се енергетските предизвици, како и за соработката во земјоделието, во здравството, и за валоризирање на придобивките од прекуграничната соработка.

„За динамиката на меѓусебната соработка зборува и растот на трговската размена која за првите осум месеци од оваа година изнесува над 710 милиони евра, што е зголемување од точно 52 отсто во однос на истиот период минатата година и ја става Бугарија на петто место на листата на држави со кои имаме најголема трговска размена", рече Османи пред новинарите и додаде дека очекува со овој тренд до крајот на годината трговската размена да надмине една милијарда евра.

На средбата, како што е наведено во соопштението, е направен пресек и на досегашните активности во однос на отворањето на Граничниот премин Клепало, како и на соработката на планот на културата, притоа јасно охрабрувајќи го интензивирањето на културната соработка која преку своите универзални вредности треба да дејствува во насока на зближување и градење пријателство меѓу двата народи.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе