Османи: Наше барање е да има еден сеопфатен документ кој е гаранција дека нема да има нови барања од бугарска страна

Погрешна е перцепцијата дека најавата на еден сеопфатен, договор, сеопфатен протокол кој инаку е постоечки инструмент од Договорот од 2017 година, е некакво поместување од нашата позиција е погрешна, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој вели дека напротив, тоа е зацврстување на нашата позиција со гаранции дека веќе нема да има нови барања од бугарска страна.

„Наше е барањето да има еден сеопфатен документ со кој се затворат сите барања еднаш засекогаш, одноно нема да има постојано појавување на нови барања, нови позиции туку сите елементи кои се важни за нас, според нашата државна позиција, но и оние елементи кои се барање на Република Бугарија ќе се врзат во еден сеопфатен документ на меѓусебно зависни и временски зависни елементи. Тоа е наше барање не е барање на Република Бугарија. Погрешна е перцепцијата дека најавата на еден таков сеопфатен протокол кој инаку е постоечки инструмент од Договорот од 2017 година, дека најавува некакво поместување од нашата позиција. Напротив, тоа е зацврстување на нашата позиција со гаранции дека веќе нема да има нови барања,“ рече Османи вечерва во емисијата Топт Тема на ТВ Телма запрашан дали земјава со ваквиот став можеби крева бело знаме пред бугарските уцени во ЕУ интегративниот процес.

За тоа што би опфатил тој документ и како со него ќе се решат отворените прашања, Османи не сакаше да коментира во детали, оценувајќи дека преговорите се во покритична позиција и затоа тој ќе биде воздржан.

Министерот за надворешни работи изјави дека целиот спор е покренат со оспорувањето на преговарачката рамка, која од 27-те земји членки на ЕУ, единствено ја оспорува Бугарија, и тоа заради прашањето на македонскиот јазик и имплементацијата на Договорот за добрососедство од 2017 година, кој ги вклучува говорот на омраза, прашањето на рехабилитација на жртвите од комунизмот историските прашања, и прашањето за внесување на бугарската заедница во уставот. Османи нагласи дека македонската страна јасно кажала за што може, а за што не може да се преговара псоосчувајќи ги нашите државни позиции.

„Нашите позиции се целосно согласно нашата Резолуција во Собранието. Во однос на јазикот не расправаме и нема да направимке никакви компормисиси. Нема да има во преговарачката рамка патоказ за имплементрација на Договорот од 2017 година, не само заради тоа што ние не сакаме, туку заради тоа што земјите – членки не дозволуваат билатерални прашања да влезат во процес преку кој една држава станува европска држава. Разговараме само за начини на надминување на ова прашање заштитувајќи ги нашите државни позциии – јазикот како што е, согласно Португалскиот предлог, Советот за стабилизација и асоцијација како место каде што би се следела имплементацијата на Договорот од 2017 година,“ посочи Османи.

Тој истакна дека не гледа никаков проблем во однос на внесувањето на Бугарите во нашиот Устав.

„Има барања од Хрватите во државата да бидат вклучени, има барања од Црногорците да бидат вклучени, има барања сега и од бугарската заедница овде да бидат вклучени. Не знам зошто би имале двојни стандарди по однос на граѓаните со бугарска етничка определба, кои јасно кажуваат дека имаат една малцинска заедница овде, која што е различна од сите други етнички заедници,“ рече Османи.

Според него, овие чести контакти, разговори и преговори, па и падови и подеми во целиот тој процвес не се изгубена година, бидејќи јасно се дефинирани критичните точки и барања на двете страни во однос на првичните позиции, а компромисот е можен доколку тие критични точки не се исти.

„Предуслов за кој било компромис е доколку критичките точки не ви се исти. Ако критичните точки за едната и другата страна ви се исти позиции, тогаш тешко ќе достигнеме компромис. Мислам дека има предуслови, има простор за да се запазат двете позиции во еден таков сеопфатен документ, без да се компромитира нашата позиција. Се надевам дека ќе можеме Ако не можеме нема да успее процесот Нема да има компромис за критичните прашања за нас. Јас мислам дека може да имаме вин – вин ситуација,“ подвлече министерот за надворешни работи Бујар Османи. 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе