ДУИ не го менува ставот

Османи: Намалувањето на платите на јавната администрација не треба да биде прва мерка

ДУИ останува на ставот дека намалувањето на платите на јавната администрација не треба да биде една од мерките во пакетот што за штедење што го подготвува Владата, изјави денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

„Партиите не треба да лицитираат со предлози, бидејќи најголемите сме дел од Владата и можеме таму да ги предложиме сите мерки. Очигледно кризата ќе предизвика сериозни социо-економски последиици, а намалените економски текови ќе предизвикаат дополнително намалување на сретствата во буџетот. Затоа е формиран економски тим кој се состанува на дневна основа и тим на експерти кои припаѓаат на различни политички спектри, за да им се даде кредибилитет на мерките на Владата.

Нашите предлози ќе ги доставиме во Влада и за нив нема да дебатираме во јавност. Наредните денови ќе се договориме за рестриктивните мерки за кои Економскиот совет потоа треба да даде финално мислење. Што се однесува до намалувањето на платите на јавната администрација ние сметаме дека тоа не треба да биде прва мерка, туку да се разгледаат други варијанти за справување со ситуацијата за да не се трауматизираат дополнително граѓаните, кои и онака тешко се справуваат со оваа ситуација, рече Османи.

 

 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе