Османи: Најлогичното сценарио е Западен Балкан целосно да се интегрира во ЕУ

Целосната интеграција на сите земји од регионот на Западен Балкан во ЕУ е најрационалното и најлогичното сценарио, што ќе биде во функција на создавање на Унија која ќе егзистира обединета, просперитетна и во мир, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи во обраќањето на меѓународната научна конференција на тема „Балканот меѓу европската интеграција и регионалната соработка“.

Во обраќањето на конференцијата, организирана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Османи се осврна на процесите на евроинтеграција и регионална соработка, оценувајќи ги како наша стратешка определба и избор за иднината.

„Западен Балкан или како што повеќе сакам да го именувам, Југоисточна Европа не е изолиран остров, туку се наоѓа во срцето на Европа. Сите наши врски, сите наши патишта се вкрстуваат со ЕУ. Процесот на евроинтеграција и процесот на регионална соработка се комплементарни и водат кон истата цел, членство во ЕУ на овој регион“, рече Османи.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на настанот, покрај шефот на дипломатија, се обратиле и многубројни претставници на академската фела од земјата и странство.

 

 

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе