Средба во Лондон

Oсмани на Трас ѝ кажа дека е важно присуството на Обединетото Кралство во нашиот регион

Министрот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на престојот во Лондон се сретнал со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Елизабет Трас. На средбата, како што информира МНР, станало збор за билатералните односи меѓу двете земји, но и за важноста од присуството и од засилен ангажман на Обединетото кралство и на САД во напшиот регион.

На средбата, меѓу другото било разговарано за, како што се нагласува, континуираната успешна соработка во областа на одбраната, за долгогодишната поддршка во јакнењето на нашите воени капацитети, како и за соработката во рамките на НАТО.

„Соговорниците констатираа дека Западниот Балкан има важна улога за севкупната стабилност и напредок на Европа, а интеграција на регионот во Европската Унија претставува взаемен геостратешки интерес од политички, безбедносен и економски аспект. Соговорниците се согласија дека е неопходен е засилен ангажман и присуство во регионот на Обединетото Кралство, САД и Европската Унија што ќе придонесе кон остварување на заедничката цел – стабилен и просперитетен Регион. Европската и евроатланската перспектива остануваат главна движечка сила за трансформација на сите земји од Регионот во демократски и економско развиени општества и во таа насока отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со Европската Унија позитивно на стабилноста и долгорочниот развој на целиот континент“, се вели во соопштението.

Османи на маргините на министерскиот состанок во Лондон се сретнал и со Стјуарт Пич, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина и Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, но и со министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисерка Турковиќ. Исто така, министрот Османи се сретнал и со министерката за Европа и Америките на Обединетото Кралство, Венди Мортон како и со Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија со Западен Балкан на премиерот Борис Џонсон.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе