Во Атина

Османи на прва средба со Дендиас како министер за надворешни работи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по преземањето на функцијата, денеска ќе ја има својата прва официјална средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас.

Како што соопшти МНР, според предвидената агенда, ќе бидат отворени бројни теми во рамките на билатералната соработка меѓу двете земји, како и актуелностите околу политичката динамика во регионот. Османи на средбата ќе ја отвори темата и за претстојните заклучоци во рамките на телата на Европската Унија, за усвојување на преговарачката рамка за Македонија и одржување на првата меѓувладина конференција за време на Германското претседателство, како формален старт на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Посебен фокус на средбата на двајцата министри ќе биде ангажманот и активностите на двете министерства кои претстојат во функција на интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог и вкупната соработка во различни области, согласно Акцискиот план за соработка и имплементацијата на преземените обврски од Договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји (Преспа).

На средбата се очекува да бидат отворени и сите останати теми од областа на билатералната соработка: реактивирање на размената во културата, поттикнување на комуникацијата и активностите за унапредување на економската соработка, прашањата за забрзување на проектите за гасната и железничката интерконекција, како и сите останати прашања од областа не севкупната општествена и политичка размена.

Исто така, се очекува посебен осврт да се даде и на работата на експертските комисии за унапредување на добрососедските односи,како и на разгледувањето на можноста за нивна поинтензивна комуникација и непречена работа во услови на пандемијата Ковид-19.

Османи на почетокот на мандатот најави интензивирање на комуникацијата со соседите, издигнувајќи го прашањето за добрососедските односи како врвен приоритет на надворешната политика, за што се очекува темите од оваа област да бидат во фокусот на неговата агенда во претстојниот период, пишува во соопштението на МНР.

 

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе