Шефот на дипломатијата ја коментира бугарската колешка

Османи: На Договорот со Бугарија може да му се додаде „патоказ“

Ако констатираме дека Договорот со Бугарија не испорачува доверба, можеме да додадеме додатни механизми за следење на процесот, без да се прејудицира исходот на тие дебати и разговори па и во форма на патоказ", вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со таквиот бугарски предлог, но потенцира дека патоказот, сепак, би бил дел од ЕУ-процесот, но не би бил формално дел од преговарачката рамка, зашто со тоа не се согласуваат земјите членки.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во интервју за eмисијата „360 степени“на Алсат рече дека барањето на Бугарија да се прифати дека македонската етногенеза е бугарска, а македонскиот јазик е кодифициран врз основа на западно-бугарски дијалекти е рефлексија на создадената недоверба кон Договорот за добрососедство.

Тој се осврна на едно од барањата на бугарската страна за патоказ кон Договорот, напоменуваќи дека тоа е можно.

„Ако констатираме дека Договорот не испорачува доверба, можеме да додадеме додатни механизми за следење на процесот, без да се прејудицира исходот на тие дебати и разговори. Па, и во форма на патоказ", вели министерот за надворешни работи Бујар Османи, но потенцира дека патоказот, сепак, би бил дел од ЕУ-процесот, но не би бил формално дел од преговарачката рамка, бидејќи со тоа не се согласуваат другите земји членки.

Османи додава дека деновиве со Бугарија се разговара и на оваа тема, по што ќе се знае дали ќе има надминување на отворените прашања.

„Самиот Договор е патоказ. Знаете дека Договорот покрај Комисијата на историчари предвидува и меѓувладина комисија која се состанува еднаш годишно и прави пресек на постигнатото, констатира што е постигнато што не е постигнато. Договорот има предвидено механизми како да се контролира, но ако констатираме дека еве Договорот не испорачува доверба, можеме да додадеме додатни механизми за следење на процесот, без да се прејудицира исходот на тие дебати и разговори. Па, и во форма на патоказ, меѓутоа сметаме дека тоа не треба да биде дел од преговарачката рамка, затоа што ќе го помести процесот непотребно", вели Османи.

Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева претходно потенцира дека бугарската позиција е во преговарачката рамка за Северна Македонија да бидат вклучени три посебни точки: формулација за официјалниот јазик на Северна Македонија, патоказ за реализирање на Договорот од 2017 година и откажување од страна на Скопје од претензиите за постоење на македонско малцинство во Бугарија.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе