Посета на Белград

Османи му се заблагодари на Вучиќ за донираните вакцини

Билатералните односи меѓу двете држави, соработката на регионален план и тековните регионални иницијативи, како и соочувањето со предизвиците од пандемијата на ковид-19 се прашањата за кои разговарале министерот за надворешни работи Бујар Османи и српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната средба во Белград.

„Со оваа посета сакаме да одржиме континуитет во добрососедските односи, како и да ги разгледаме можностите за нивно натамошно надградување со конкретни предлози и иницијативи во интерес на нашите граѓани и држави“, изјавил на средбата Османи.

Тој, како што соопшти МНР, се заблагодарил за донираните вакцини од Владата на Србија.

„Овој гест на солидарност, реализиран и со Вашиот личен ангажман, нашата Влада, нашите здравствени институции, но и воопшто јавноста, високо го ценат“, кажал Османи, додавајќи дека двете држави имаа и многу добра соработка во справувањето со предизвиците од пандемијата на ковид-19, особено при рептријација на државјаните на Македонија преку територијата на Србија.

За време на работаната посета на Белград, Османи ќе се сретне и со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ, со претседателот на Собранието, Ивица Дачиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе