Османи – Могерини: Македонија веќе нема отворени политички прашања

Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамки на дводневната работна посета на Брисел оствари средба со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, на која беа отворени теми за процесот на проширувањето на Унијата и перспективите на Република Македонија пред претстојниот извештај на комисијата, како и јунските состаноци на Советот на ЕУ.

Покрај Договорот од Преспа, нагласил вицепремиерот Османи, имавме огромен успех и во постигнување на историскиот Договор за добрососедство со Бугарија, како и суштински консензус за Законот за употребата на јазиците, со што, подвлекол, ги отстранивме сите поголеми внатрешни и надворешни политички прашања.

„Република Северна Македонија веќе нема отворени политички прашања, и повторно го зазема централното место на Балканот, како главен партнер на ЕУ и НАТО во промоција на демократските и западните вредности во регионот“, истакнал Османи, стои во денешното соопштение од СЕП, пренесувајќи ѝ ги на Могерини високите очекувања во земјава за напредок во европските интеграции оваа година.

Почетокот на преговорите со Република Северна Македонија оваа година, покрај засилувањето на европскиот моментум во земјава, според Османи, ќе претставува и јасен сигнал за целиот регион, како позитивен пример и мотивација за затворање на отворените прашања низ дијалог, политичка отвореност и позитивен пристап. Како што е подвлечено во соопштението, во таа насока го посочил дијалогот меѓу Приштина и Белград, како еден од најважните политички предизвици во регионот.

За време на работната посета на Брисел, вицепремиерот Османи остварил средба и со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, одржал брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан/проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), a ќе учествува и на брифинг во влијателниот тинк тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: „Хоум ран“ во преговорите за пристапување?“, како и на Конференцијата на тема: „Безбедност во ЈИЕ – безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата Ханс Сејдел (Hanns Seidel Foundation).

По завршувањето на работната посета на Брисел, вицепремиерот Османи ќе отпатува за Виена, каде ќе учествува на состанок на Министри задолжени за Европски прашања од земјите од Западен Балкан, кое се одржува под покровителство на Сојузниот Министер за Европски прашања на Австрија при канцеларијата на Сојузниот Канцелар, Гернот Блумел.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе