Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те јазици на ЕУ

Министерот за надворешни работи на Македонија во интервју за 360 степени на ТВ Алсат изјави дека се надева оти корекциите што во последен момент ги усвои бугарскиот Парламент во одлуката за прифаќање на францускиот предлог „даваат основа за да има разбирање за нашите позиции во процесот“.

Секако дека и бугарските позиции се земени предвид во дефинирање на овој пакет, бидејќи за да даде согласност Бугарија сакаше да ги види и своите позици, рече Османи.

„Доколку добиеме предлог, ќе бидат консултирани институциите и ќе донесеме решение. Апсолутно нема да се водиме од хибридни напади, од разочарани политичари кои сметаат дека можат да вратат кариера на бранот на јавното расположение“, вели шефот на дипломатијата.

Вчера на седницата на бугарскиот парламент во последен момент беше интервенирано во една од одредбите на предлогот поднесен од лидерот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, која се однесува на споменувањето на Договорот од 2017 година и протоколите што произлегуваат од него во Преговарачката рамка.

Во предлогот што вчера помина на Комисијата за надворешна политика, конкретната одредба, која е меѓу условите под кои Народното собрание ѝ дава мандат на владата да го одобри францускиот предлог, гласеше: вклучување референца за двостраните протоколи според член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во Преговарачката рамка.

На пленарната седница во бугарскиот парламент, оваа одредбата беше преформулирана на следниот начин: впишување референца за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и протоколите од заседанијата на заедничката комисија по член 12 од тој договор во Преговарачката рамка, во врска со одобрувањето од Советот на ЕУ на заедничките позиции за меѓувладините конференции ЕУ-Република Северна Македонија.

Корекцијата во оваа одредба коинцидира со фејсбук-објавата од изутринава на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, во која порача:

„Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската унија во регионот. Зборот ‘протокол’ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот ‘отворање’ во параграф шест од заклучоците на советот. И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда) како прашања за кои не може да се постигне согласност поради позицијата на Република Бугарија. Усвојувањето на резолуцијата во бугарскиот парламент, во која се потенцираат токму овие две прашања, ќе го блокира долгорочно европскиот процес и, воедно, ќе ги парализира инструментите од договорот за пријателство на долг рок“, напиша Османи.

На прашањето во емисијата „360 степени“ кога се очекува финален француски предлог, Османи рече дека француското претседателство истекува за неколку дена и дека владата е отворена да ја разгледа таа верзија доколку пристигне.

„Француското претседателство е до 30 јуни, тоа значи дека во наредните денови, доколку тие се решат за нов предлог, согласно овие ставови на двете страни кои беа и јавно објавени, ние сме отворени да го процениме. Доколку добиеме предлог, ќе бидат консултирани институциите и ќе донесеме решение“, порача Османи.

Тој вели дека според актуелниот предлог, македонскиот јазик е еден од 25-те јазици на ЕУ и како таков станува дел од преговарачката рамка и тоа е една од најголемите победи за македонскиот народ и за државата.

„Според она што сега го има како предлог, македонскиот јазик останува еден од 25-те јазици на ЕУ без никакви квалификативи, додавки и толкувања. Ние нема дозволиме и нема основ Бугарија тоа да го оспори бидејќи станува дел од преговарачката рамка, а преговарачката рамка е основниот документ што го дефинира процесот, а потоа е основа за потпишување на договорот за членство“, рече Османи и дополни дека затоа целиот процес бил блокиран односно тоа што ќе го има сега во рамката го утврдува патот за понатаму.

Тој повтори дека на протоколот не му е место во преговарачката рамка и оти се чека да се финализира, па потоа да го презентира во јавноста.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе